Паралелно со Европското првенство во Унгарија и Словачка, треба(ше) да се играат и континенталните шампионати на другите континенти.
Сепак на две недели до стартот, Африканското првенство кое требаше да се игра во Мароко од 13 јануари е одложено.
Новиот термин е 22 јуни до 2 јули 2022 година, a поради жалбите на две држави – Алжир и Замбија за одржувањето на ждрепката, која беше на 8 декември, одлучено е да има нова ждрепка.
Поради политичките проблеми со домаќинот Мароко, Алжир најави дека нема да игра, а сега се жали затоа што не беше вклучен во ждрепката, а ист е случајот и со Замбија.
Од ова првенство, пет селекции ќе изборат пласман на Светското првенство во 2023 година во Полска и Шведска, а круната ја брани селекцијата на Египет.