Ривалот на Македонија на Европското првенство, Црна Гора го совлада составот на Кувајт по вторпат, а овој пат тоа беше со резултат од 28:17.
За разлика од првиот дул кој заврши со резултат 29:27 на овој Црногорците доминираа во текот на целата средба. Имаа повеќе од играта и во ниту еден момент не дозволија да има проблеми. Водеа уште во првиот дел со 15:10 така што покажаа дека формата оди во нагорна линија.
Голманот на Струга, Никола Матовиќ заврши со 11 одбрани, додека „чуварот на мрежата“ на Охрид, Јагош Брауновиќ имаше една одбрана. На оваа сребда најефикасен беше поранешниот играч на Вардар, Васко Шеваљевиќ беше најефикасниот со седум погодоци, а одличен беше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ кој средбата ја финишираше со четири гола.
Следната контрола за Црногорците ќе биде в недела кога ќе одиграат натпревар против селекцијата на Косово.
Црна Гора е противник на Македонија во 2. коло, на 15 јануари од 18 часот.