Охрид го замени со Малдиви (ФОТО)

Пикерот на Охрид, Иван Тасески, периодот меѓу двете полусезони од Суперлигата, го минува на една од најпосакуваните дестинации.

Иван и неговата сопруга Надица се на Малдиви и Охридското езеро и зимското време во Македонија ги заменија со Индиски океан и сонце.

Tемпературата на Малдиви во овој период од годината се движи меѓу 25 и 30 степени.

Кружниот напаѓач оваа година заплови во брачните води и сигурно ќе ја памети по убави работи.

На ракометен план, со Охрид се бори за влез меѓу најдобрите шест и пласман во разигрувањето за титулата.