Хрватскиот шампион Загреб остана без левиот бек Матеј Хрстиќ, кој половина сезона пред истекот на договорот заминува во Франција.
Хрстиќ се сели во Лимож, како „медикал џокер“, бидејќи францускиот тим има големи проблеми со повредени ракометари.
На негово место во големиот ривал на Вардар, доаѓа левиот бек на Горење Велење, Алекс Кавчич, кој игра одлична сезона во Словенија и во Лигата на Европа.
На левата бековска позиција кај „плинарите“ се уште Сандро Обрановиќ и младиот Босанец, Един Клис.