Обрван: Загреб и Вардар се најдобри во регионот, имавме среќа и се извадовме од калта

Во максимално неизвесен натпревар и драматичен финиш Вардар загуби на гостувањето кај Загреб со 23:22 и ја продолжи серијата порази во Лигата на шампионите.

После натрепварот тренерот на Загреб, Ивица Обрван имаше свое видување за натрпеварот.

Среќен сум што победивме, со малку знаење и среќа во завршницата и се извадОвме од калта од првото до десетото коло. Два или три пати се враќавме од заостанување од два гола. Имавме малку среќа, тие промашија неколку зицери. Ова беше натпревар баш како што очекувавме. Честитки на екипата за добата одбрана, но нападот беше лош, тоа е наша болка. Се искачивме на шестата позиција и сум среќен како тренер, но имаме многу тежок распоред во вториот дел од сезоната за разлика од нашите ривали. Играа двата клуба со најголемо ривалство и најголем квалитет во регионот, овој пат победивме ние“, рече Обрван.

Исто така и Давид Мандиќ имаше свое видување на натпреварот.

„Ова беше најтежок натрпевар во оваа полусезона, во борбен натпревар победивме и освивме два бода. Игравме добра одбрана промашувавме многу зицери. Се заблагодарувам на моите соиграчи за борбениот натпревар и честитки на Вардар за коректната игра“, рече Мандиќ.

Ова беше последен европски натпревар оваа година и за Загреб и за Вардар, следува зимската пауза а натпреварувањето во Лигата на шампионите двете екипи ќе го продолжат во февруари.

Вардар тоне на табелата во Лигата на шампионите, со пораз се враќа и од Загреб

Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар

„Се плашам пред дуелот во Битола, поразот од Загреб може да има негативен ефект“

Кудуз: Грешевме во одлучувачки моменти, Загреб знаеше тоа да го казни