„Се плашам пред дуелот во Битола, поразот од Загреб може да има негативен ефект“

По поразот од Загреб во Лигата на шампионите, екипата на Вардар ја очекуваат уште три средби до крајот на годината.

Во Суперлигата, Вардар дома ги пречекува Охрид и Бутел Скопје, а меѓу тие две средби е големото дерби во Битола против Еурофарм Пелистер.

Битолчани во победничка атмосфера ќе го дочекаат овој меч, за разлика од вардарци кои одамна се немаат израдувано.

„За седум дена не чека дербито со Еурофарм Пелистер. Се плашам пред тој натпревар, бидејќи поразот од Загреб може да создаде негативен ефект кај моите играчи“, изјави Вујовиќ.

Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в среда во „Боро Чурлевски“.

Вардар тоне на табелата во Лигата на шампионите, со пораз се враќа и од Загреб

Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар

Кудуз: Грешевме во одлучувачки моменти, Загреб знаеше тоа да го казни

Обрван: Загреб и Вардар се најдобри во регионот, имавме среќа и се извадовме од калта