Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар

Тимот на Вардар го забележа седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Загреб со 23-22.

Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека неговиот тим загуби добиен натпревар, бидејќи водеше со 18-21 во финишот.

„Загубивме добиен натпревар. Погрешивме кога не требаше. Честитки за Загреб за заслужената победа. Тврд, тежок натпревар.Ова беше грд меч. Ако ги гледаме Загреб и Вардар кога играат со други екипи, тоа изгледа убаво за око, кога играме меѓусебе, тоа секогаш е грдо. Нема проток, нема убавина, многу прекини, грешки,, тоа е веројатно поради набојот, притисокот што си го наметнуваме. Но, тоа е за друга анализа. Не чека многу важен натпревар против Еурофармм Пелистер. Се плашам дека овој пораз да предизвика негативен ефект кај моите играчи. Играме добро, тука некаде сме секогаш, но никако да победиме. Имаме добар распоред во следната година и се надевам дека ќе обезбедиме место во осминафиналето“, изјави Вујовиќ.

Вардар нема време за тагување, бидејќи веќе в сабота ќе игра со Охрид, а следната недела го очекува големото дерби и гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер.

Вардар тоне на табелата во Лигата на шампионите, со пораз се враќа и од Загреб

„Се плашам пред дуелот во Битола, поразот од Загреб може да има негативен ефект“

Кудуз: Грешевме во одлучувачки моменти, Загреб знаеше тоа да го казни

Обрван: Загреб и Вардар се најдобри во регионот, имавме среќа и се извадовме од калта