Сениорските репрезентации на Македонија и Србија денеска го одиграа првиот од двата контролни натпревари, а раководствата на двете федерации го искористија овој момент за да почнат со соработка која би траела во иднина.
На натпреварот беше присутен претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски. Тие имаа состанок со нивните колеги, претседателката на УО на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ и генералниот секретар Светозар Станковиќ.
Според она што го договорија пред натпреварот соработката ќе биде во областа на младите репрезентативни категории, но и кај тренерските кадри.
Инаку, Македонија денеска претрпе пораз од Србија од 25:33, а вториот натпревар ќе биде одигран в понеделник од 12 часот исто така во Стара Пазова.