Серијата на лоши резултати во Лигата на шампионите за Вардар продолжи и вечерва откако беше забележан пораз од 27:30 против Пик Сегед со што останува сè подалеку од водечките во Групата.
Првите 15 минути дадоа комлетна слика за тоа како ќе финишира денешната средба и кој ќе ги однесе сите бодови. Голот на Стоилов за старт на натпреварот и почетно водство од 1:0 даде убава најава, но многу брзо после ова стана јасно кој тим е во подобра подготвеност и кој ќе ги освои бодовите.
Цели 13 минути Вардар не можеше до голот на Миклер, а во ова време прими осум гола и веќе беше навистина тешко за да се успее да се врати во игра за победа. Иако негативата беше намалена на четири гола, 5:9 во 20. минута и во продолжението не беше најдобро така што до крајот на првото полувреме одново беше вратена негативата од седум гола и на одмор се замина со 9:16.
Вториот дел најави нешто подобар Вардар, а во нападот освежување беше Талески кој имаше неколку убави погодоци. Сепак, одново се стигна само до четиги гола негатива. Во неколку ситуации беше минус четири, но гостите секогаш многу лесно ги решаваа овие моменти и се враќаа на плус шест или седум гола.
Кога Миклер падна во концентрацијата, на голот на Пик Сегед се појави Алиловиќ, кој успеа да симне неколку зицери и да биде причина за задржувањето на разликата која водеше кон нова победа.
На крајот поразот и не беше така висок. Средбата заврши со три разлика исто како во Унгарија, но сега беше 27:30. Меѓутоа ова е петти пораз по ред и веќе алармот треба да биде вклучен бидејќи сега следува и гостување кај Кил и ќе биде тешко да се направи чудо.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА
Дибиров доби овации од публиката и подароци од клубот за 1.000 гола во ЛШ (ФОТО)
Вујовиќ: И јас сум разочаран исто како навивачите, но борбата не е завршена
Талески: Жално е што не ја израдувавме публиката, но главата горе и одиме напред
Вујо: Дојдов да го спасам Вардар, ако некој мисли дека треба да си одам…
Во Пик Сегед презадоволни: Во Скопје се најубавите доживувања, си заминуваме со два златни бода
„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)