„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар – Пик Сегед (Лига на шампиони)

Екипата на Вардар го загуби натпреварот против Пик Сегед со 27:30 и ова е веќе петтиот пораз во серија во Групата А од Лигата на шампионите.

Екипата на Вардар го загуби натпреварот против Пик Сегед со 27:30 и ова е веќе петтиот пораз во серија во Групата А од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ прерано го загубија овој дуел бидејќи имаше 1:8 и во продолжение немаше како да бидат неутрализирани овие седум гола негатива. Пик Сегед со ова успеа да му нанесе два порази на Вардар во два четвртока по ред така што „црвено-црните“ сега се во многу тешка позиција и ќе мораат да го спасуваат и 6. место бидејќи ППД Загреб е веќе многу близу.