Денеска во центарот на вниманието ќе биде натпреварот во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах, каде ќе гостува македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.
Битолчани се во потрага по првата победа во Лигата на Европа, откако досега загубија дома од Ла Риоха и ремизираа на гости кај Вибжеже Гдањск.
Бундеслигашот сериозно му пристапи на мечот со Еурофарм Пелистер и го одложи дуелот од домашното првенство пред средбата со битолчани.
Тимот предводен од Гудјон Валур Сигурдсон не игра на посакуваното ниво на стартот на сезоната, има веќе три порази во Бундес лигата, но сите тие се од фаворитите – Фуксе Берлин, Магдебург и Кил.
Големото засилување Алекс Душебаев се уште ја бара својата форма, а најопасни по голот на битолчани ќе бидат Никола Рогановиќ и Миро Шлуроф од бековските позиции, Кодрин од лево крило, Видарсон од пивотменската позиција…додека на голот се искусните Игнасио Биоска од Шпанија и Бертрам Облинг од Данска.
Лино Червар го доби Саду Н’танзи на средната бековска позиција кој покажа дека ќе биде големо засилување на мечот во Полска, но за да останат во игра за елиминациите во ЛЕ, битолчани мора да освојуваат бодови против фаворитот Гумерсбах.
Покрај пресметката во Гумерсбах, во Лигата на Европа ќе се одиграат уште 15 натпревари низ европските терени.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ШАМБЕРИ – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ЧСМ БУКУРЕШТ – ИЗВИЃАЧ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ЕЛВЕРУМ – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ГУМЕРСБАХ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ХАМАРБИ – СЕН РАФАЕЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КАРВИНА – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 МОРС – СЛОВАН ЉУБЉАНА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ВИБЖЕЖЕ ГДАЊСК – ЛА РИОХА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АГУАШ САНТАШ – ГРАНОЉЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ФЛЕНСБУРГ – БУЗАУ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ЛИМОЖ – БИДАСОА ИРУН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МАРИТИМО – ХАФНАРФЈОРДУР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ТАТРАН ПРЕШОВ – САВЕХОФ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 СЕСВЕТЕ – БЕРГИШЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – ХОЛСТЕБРО (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ВАЛУР – ТАТАБАЊА (ЛИГА НА ЕВРОПА)


























