Четири македонски претставници Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Бутел Скопје во следниот период ќе ги одиграат своите европски натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Купот.
Вардар го чека втор двобој со Висла Плоцк. Иако полскиот вицепрвак најави дека ќе игра со младинци на мечот со Хробри Глогов, сепак се премисли и со првиот состав славеше на гостински терен со 31-24. Поради доцното враќање од Скопје, Висла побара одложување, но не наиде на разбирање од ривалот и федерацијата, па мораше да се игра дуелот.
Чави Сабате им даде одмор само на Сердио и Јанц, а најдобри стрелци беа Ричардсон со седум и Косоротов со пет гола, додека голманот Алиловиќ имаше 11 одбрани.
Мелсунген загуби изненадувачки на гости кај Ерланген со 33-32, иако голманот Симиќ одново имаше солидно издание со 12 голови. Најдобар стрелец беше Ендерлејт со пет гола, а по четири дадоа Стефансон, Мандиќ, Гола и Штехл.
Нант немаше големи проблеми и го победи составот на Каен со 38-31. Голманот Бонде, како и на мечот во Скопје против Вардар беше човек на одлука со 16 одбрани, а меѓу стрелците се истакнаа Леополд со осум и Турченко со седум погодоци.
Следниот ривал на Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го одложи мечот од Бундес лигата и имаше долго време да се подготви за двобојот со битолчани, додека Вибжеже Гдањск и Ла Риоха запишаа победи во своите домашни првенства.
Вибжеже Гдањск славеше против Гвардија Ополе со 34-31, a најдобри стрелци беа левото и десното крило, Чаплински и Михалович, со осум, односно шест погодоци, додека Ла Риоха победи на гости кај Куенка со 36-32. Mигел Мартинез стрелаше шест пати, Јунг и Ломбарди постигнаа по четири гола, додека голманот Ледо не бранеше на овој меч.
Противникот на Охрид во ЕХФ Европскиот Куп, Спор Тото славеше на гости кај Михаличик со 33-27. Keлешоглу даде шест гола, а Билем и Бичер имаа по пет реализации. Ривалот на Бутел Скопје, хрватската Горица победи на гостински терен против составот на Чаковец со 33-31. Стандардно најдобри стрелци беа Караула со осум и Грубишиќ со седум гола.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.


























