Вујовиќ: И јас сум разочаран исто како навивачите, но борбата не е завршена

Ракометарите на Вардар загубија од унгарскиот првак ПИК Сегед со 27-30 во осмото коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ, е разочаран од начинот на кој загуби неговиот тим.

„ПИК Сегед победи заслужено. Не сум разочаран од поразот и резултатот, туку од начинот на кој загубивме. Отворивме многу лошо, напаѓачки не бевме блиску, Миклер не реши, па тие отидоа на виосока разлика. Нашите не дадоа резултат да се вратиме во игра, немавме расположен играч, без оглед на се, во овој момент ПИК Сегед е подобар од нас. Тоа е екипа создадена за европска титула. Јас сум тука само пет месеци и не можам да направам многу. Го делам разочарувањето со навивачите. Овој пораз е тежок, но не е завршена борбата за место во осминафиналето. Ќе дадеме се од себе и ќе се бориме до крај да поминеме во следната фаза, што е наша цел“, изјави Вујовиќ.

Следен предизвик за македонскиот првак ќе биде гостувањето кај германскиот Кил на 2 декември.

Петти пораз за Вардар во серија, алармот е вклучен на најсилно црвено

Дибиров доби овации од публиката и подароци од клубот за 1.000 гола во ЛШ (ФОТО)

Талески: Жално е што не ја израдувавме публиката, но главата горе и одиме напред

Вујо: Дојдов да го спасам Вардар, ако некој мисли дека треба да си одам…

Во Пик Сегед презадоволни: Во Скопје се најубавите доживувања, си заминуваме со два златни бода

„Црвено-црниот“ брод закотвен во место, го доби петтиот тежок удар (ФОТОГАЛЕРИЈА)