Кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер 2, Кристијан Симоноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП за месец септември во Супер машката лига.
Стружанецот игра во одлична форма по трансферот од Автокоманда во Битола и веќе е лидер на Еурофарм Пелистер 2.
Тој освои 54% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Наум Костов од Куманово кој освои 21% од гласовите.
Номинирани за МВП за месец септември во Супер машката лига беа уште и Доминик Мате од Охрид, Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер и Матео Фадуил од Вардар.

























