Во овој ростер на Вардар голем дел од играчите имаат договори на една година, со оглед на тоа што се работи на нов проект во кој главниот збор го има претседателот Михајло Михајловски.
Тренерот Веселин Вујовиќ откри дека раководството на тимот веќе е во потрага по нови засилувања и има листа на играчи со кои се водат преговори.
„Јас имам договори и планови со Михајловски. Првата година од проектот се потпишуваа договори со ракометарите на една година, бидејќи сега започнавме. Имаме листа на желби и играчи со кои веќе сме во контакт. Ако се биде како што треба, ние на стартот на новата година ќе ги откриеме нивните имиња. Михајловски сметаше дека ќе добие помош од компаниите во Македонија, тој не може сам. Ако нема таква помош, се ова ќе падне во вода без оглед на игрите на теренот и тоа што ние го прикажуваме“, вели Вујовиќ.
Следен предизвик за Вардар ќе биде дуелот со ПИК Сегед, кој се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.
Вујовиќ: Мора сите да сфатат – овој Вардар не е истиот од шампионските години
Томовски: Со помош на публиката да се радуваме против ПИК Сегед
Вардар во големи проблеми: Дибиров, Куни, Тото, Стоилов, Кудуз…неизвесни за ПИК Сегед!