Вардар во големи проблеми: Дибиров, Куни, Тото, Стоилов, Кудуз…неизвесни за ПИК Сегед!

Вардар го очекува осмиот натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот шампион ПИК Сегед.

Тренерот Веселин Вујовиќ има големи проблеми со ростерот и не може да одработи тренинзи со комплетниот играчки кадар.

Левото крило Тимур Дибиров има вироза, и неколку дена прима инфузија, па нејасно е дали ќе биде подготвен за настан.

Во еден меѓусебен дуел на тренинг минатата недела се повредија Марко Мишевски и Јоел Куни Моралес, кој има расекотина на шутерската рака. Тие исто така се неизвесни. На листата на играчи кои не тренираа се Столе Стоилов, Анте Кудуз и Жереми Тото, бидејќи првите двајца имаат проблеми со грбот.

Со каков состав ќе настапи Вардар в четврток останува да видиме, но тренерот Вујовиќ и покрај тоа најави дека македонскиот првак оди на победа против ПИК Сегед.

„Имаме листа на засилувања, ама ако Михајловски не добие помош – тоа ќе падне во вода“

Вујовиќ: Мора сите да сфатат – овој Вардар не е истиот од шампионските години

Томовски: Со помош на публиката да се радуваме против ПИК Сегед