Ракометарките на Ѓорче Петров 2 ја запишаа втората победа во Супер женската лига во петтото коло.
Избраничките на Милева Велкова прославија триумф над Деспина со 40-25, а до паузата го решија победникот откако водеа со 18-11.
Сите ракометарки добија шанса да настапат во домашниот тим, а освен голманките Гошевска, Наумоска и Илиоска, сите други се запишаа во листата на стрелците.
Најефикасни во победничкиот тим беа Антонела Ѓероска со седум и Ангела Цветановска со шест погодоци.
На табелата Ѓорче Петров 2 е на четвртата позиција со пет бодови, додека Деспина останува последна со еден бод.

























