Томовски: Со помош на публиката да се радуваме против ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар в четврток го играат осмиот натпревар во Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

По поразот од Унгарија, вардарци ќе се обидат да го поправат впечатокот и да ја прекинат црна низа во елитното натпреварување.

Голманот Мартин Томовски пружа одлични партии на вардаровиот гол и верува дека со помош на публиката, Вардар може до триумф над ПИК Сегед.

„Навистина игравме добро во Сегед, но пак би рекол дека соптвените грешки не чинеа пораз. Ќе се обидеме нашите грешки да ги сведеме на минимум, и овој дуел што е последен натпревар на домашен терен за годинава, ќе се обидеме да го добиеме и да се израдуваме заедно со нашите навивачи, кои ги повикувам да ни ја дадат поддршката во четврток“, вели Томовски.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра в четврток со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Вујовиќ: Мора сите да сфатат – овој Вардар не е истиот од шампионските години

Вардар во големи проблеми: Дибиров, Куни, Тото, Стоилов, Кудуз…неизвесни за ПИК Сегед!

„Имаме листа на засилувања, ама ако Михајловски не добие помош – тоа ќе падне во вода“