Ракометарите на Вардар имаа добри периоди на средбата против Пик Сегед, но им недостигаше малку за да успеат да дојдат и до победа против тимот од Унгарија и да се израдуваат на нови бодови така што од гостувањето се враќаат со пораз од 31:34.
Во текот на целата средба имаше надигрувања. И двете екипи имаа свои периоди, имаа и расположени голмани, но и грешки.
Почетокот им припадна на домашните кои успеаја да дојдат до предност и имаа контрола на натпреварот. Стигнаа до највисоки 11:7 на средина од првото полувреме, но тука после влагањето на Томовски почна и подобриот период на игра. Запре неколку удари на противникот и овозможи Вардар да се врати во ритам и да дојде до израмнување од 13:13.
Сепак, последните моменти од првиот дел не беа одработени најдобро така што Пик Сегед стигна до предност и на пауза отиде со 17:15.
Второто полувреме тргна одлично. Томовски продолжи со серијата на интервенции, а колегите го користеа тоа. Иако Пик Сегед беше во постојано водство се израмнуваше. Во 37. минута беше 20:20, а Талески не успеа да искористи топка од лево крило за водство. Тука домашните одново дојдоа до предност и влегоа во завршницата со предност од гол до два.
Вардарци се трудеа да се вратат одново и повторно да израмнат, но не одеше најдобро. Пик Сегед го имаше Миклер кој кога требаше успеа да одбрани неколку топки и во 49. минута домашните имаа 28:24.
Последните десет минути беа одиграни со константна предност од три гола на Пик Сегед. Вујовиќ се обиде да се направи нешто во овој дуел и да се сменат работите на теренот одново, но беше тешко и во завршницата мораше да биде потпишана четвртата капитулација во Лигата на шампионите.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А
ТАБЕЛА