Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.
За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
РЕЗУЛТАТИ ДО 10. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ВАРДАР – ТИКВЕШ 34:27 – ИЗВЕШТАЈ
СКОПЈЕ 2020 – СТРУГА 29:32 – ИЗВЕШТАЈ
ОХРИД – ПРИЛЕП 33:21 – ИЗВЕШТАЈ
РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24:29 – ИЗВЕШТАЈ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 21:19 – ИЗВЕШТАЈ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 38:22 – ИЗВЕШТАЈ
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕР МАШКА ЛИГА
ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Бутел Скопје) – Имаше нова добра средба и во клучните моменти бранеше одлично против составот на Металург. Беше еден од оние кои имаа клучна улога во победата.
ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Во првото полувреме против Тиквеш покажа зошто и понатаму е незаменлив во Вардар. Од вкупно 11 погодоци, десет ги постигна во првото полувреме.
ЛЕВ БЕК: Рение Табоада (Еурофарм Пелистер) – Тимот од Битола забележа висока победа против Пролет, а одличен ден во таа победа имаше Кубанецот кој погоди петпати.
СРЕДЕН БЕК: Стефан Додиќ (Охрид) – Младиот ракометар кој се сели во Келце го предводеше Охрид до победа против Прилеп со шест погодоци.
ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Беше еден од двајцата најефикасни на гостувањето кај Радовиш. Реализираше седумпати во новата победа.
ДЕСНО КРИЛО: Бобан Блажески (Струга) – Еден од поискусните во редовите на Струга и секогаш меѓу поефикасните. Имаше седум гола и против Скопје.
ПИВОТ: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – Составот на Бутел Скопје одигра тешка средба против Металург, но сите го дадоа максимумот. Јевтиќ беше меѓу поефикасните во победата со четири гола.