Нови бодови за битолчани: Еурофарм Пелистер 2 во вториот дел го скрши отпорот на Радовиш

По победата над актуелниот шампион Вардар, тимот на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи серија и со триумф на гостински терен кај Радовиш со 24-29. Сепак за новите бодови, битолчани мораа добро да се испотат.

По 2-3 за битолчани, Радовиш направи серија од четири гола за 6-3 по десетина минути игра. Во неколку наврати во продолжение домашните имаа плус три, но како одминуваше времето, така гостите полека се враќаа во игра.

По 12-9 за избраниците на Васко Василев, погодуваа Кузманоски, Белистојановски и Ѓорговски за 12-12. Беше и 13-13, но Радовиш замина на пауза со гол предност на полувреме, 14-13.

Како што заврши првиот дел, така почна и вториот. Битолчани останаа без голманот Бобан Ристевски, кој доби црвен картон, поради груб фаул. Беше 19-17, но Димитриоски и Арсеновски израмнија на 19-19, а на петнаесетина минути до крај беше 20-20 и се мораше да почне од нула.

По 21-21, избраниците на Александар Јовиќ се одлепија на плус три, 21-24, но домаќините не се откажуваа од камбек. Вујниќ и Трајчевски реализираа за 23-24, па имаше промашувања на двете страни пред Петровиќ да погоди за 23-25 за Еурофарм Пелистер 2.

Црвен картон имаше и за домаќините по трите исклучувања на Постолов на пет минути до крајот, а гостите повторно преку Петровиќ од пенал стигнаа до 23-26 и ја најавија новата победа.

10 ноември 2021
24 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
10 ноември 2021 19:34 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 11.10.2021 60'

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ1424Пораз
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21329Победа

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило14
4Александар Марковлев бек00
7Александар Долдуровлево крило00
9Спасе Ѓоргиевдесно крило00
10Здравко Постоловцентрален бек33
11Аце Спасовлев бек00
12Александар Ристовголман00
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек13
19Томче Трајчевскипивот04
23Кристијан Ристовлево крило00
71Филип Трајановдесно крило05
77Александар Вујниќлев бек05
90Филип Костадинов-00
 Вкупно 524

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман10
3Цветан Кузманоскилево крило05
7Андре Буторацдесен бек00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек17
9Васко Димитровскипивот00
13Павле Петровиќдесен бек07
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек03
22Иван Димитровскилево крило10
23Стефан Талевскицентрален бек00
33Петар Атанасијевиќлево крило00
34Емилијан Ѓорговскилев бек01
44Ненад Белистојановски-02
66Милан Ѓукиќдесно крило01
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот23
 Вкупно 529

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515