Стружани триумфално низ Скопје, ги оставија домашните на дното

Екипата на Струга триумфираше против Скопје 2020 со 32:29 во натпревар од 10. коло од Супер машката лига. Ова беше втора победа за момците на Наум Танески оваа сезона со која го оставија домаќинот на дното.

Иако ракометарите на Скопје на почетокот имаа водство од 2:0 со головите на Василевски и Киселовски, во преостанатиот дел од првите 30. минути, Струга беше екипата која ја контролираше играта на теренот. Гостите израмнија на 2:2, а минута подоцна, Маркоски го донесе првото водство за неговата екипа од 3:2.

Екипата на Скопје во текот на првото полувреме неколку пати се закани да дојде до израмнување, но Струга ја казнуваше секоја нивна грешка и не дозволуваше нивен кам-бек на натпреварот. По петнаесетина минути игра, Струга имаше водство од 7:6. Разиграните Стружани се одлепија на плус три, 9:6, а до крајот на првиот дел, ракометарите на Скопје беа во негатива од еден до три гола. На пауза гостинската екипа замина со предност од три гола разлика, 15:12.

Струга во второто полувреме со серија од четири гола зголеми на 20:13. Кризниот период во домашниот тим беше прекинат со голот на Василевски за минус шест, 14:20. Техничките грешки кај скопјани беа доволни за стружани веќе да ја обезбедат победата, откако имаа водство 24:15. Опуштеноста во редовите на Струга поради високата разлика беше искористена од страна на домаќините за намалување на дел од негативата. Скопје во последните десет минути со неколку гола во низа ја преполови разлика. Намали на минус три, 27:30, сепак во последните две минути, Струга со два гола стави точка на натпреварот.

Со победата над Скопје, екипата на Струга се зацврсти на 10. позиција на табелата и има шанси да напредува кон повисоките позиции во најквалитетното натпреварување во Македонија.

10 ноември 2021
29 - 32
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
10 ноември 2021 19:25 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 10.11.2021 60'

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СКОПЈЕ 20201229Пораз
СТРУГА1532Победа

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот23
4Марио Мишевскилево крило07
5Бојан Чакалиќцентрален бек01
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек08
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило00
19Велимир ГрујовскиСреден бек22
20Лука Благопетровдесно крило04
23Благој Димчевскипивот00
24Стефан Стојановскилев бек01
25Леонид Киселовскилев бек05
26Бране Трифуновскиголман00
30Далибор БлажевскиСреден бек00
77Симон Калајџиескилево крило01
 Вкупно 432

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Дамјан Тутенковскиголман00
2Петар Маркоски-06
3Славе Јанковскилево крило13
4Христијан Крстаноскилев бек01
5Бобан Савески-00
6Филип Пајкоскипивот10
7Бобан Блажескидесно крило07
9Пеце Ѓорѓиоскипивот12
11Тодор Јанкулоскидесно крило00
12Никола Матовиќголман00
13Петар Ферукоскипивот00
18Никола Стрезоски-00
19Жарко Барјактаревиќдесен бек15
22Владан Кастратовиќцентрален бек14
24Ненад Костоскилево крило00
25Никола Цветаноскилев бек04
 Вкупно 532

Officials

Делегат:Судии:
НАЧЕВСКИ ДРАГАНБОЖИНОВСКИ ДАНИЕЛО
НАЧЕВСКИ ВИКТОР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515