Тежок дебакл на Пролет во Битола – Еурофарм Пелистер со посилен „тренинг“ до нов триумф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер според очекувањата остварија убедлива и лесна победа над составот на Пролет. Избраниците на Жељко Бабиќ славеа со 38-22 и се израмнија со Вардар на првото место на табелата.

Кога битолчани поведоа со 7-0 по десет минути игра, веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар и дека ќе гледаме игра на мачка и глушец. Првиот гол гостите го постигнаа преку Пецаковски од пенал, а првиот гол од игра дури во 16 минута за 12-2.

До крајот на полувремето сите грешки на Пролет беа казнети со лесни погодоци во мрежите на Цветковски и Петковски за 21-7.

Вториот дел беше чиста формалност, па само се броеја головите, најчесто во голот на гостите од Скопје. Имаа домашните во еден моменти и плус 20, 28-8, но не форсираа во продолжение, инаку разликата сигурно ќе беше уште поголема.

Освен дефназивецот Кукоски и голманите Секељ и Кизиќ, сите други од битолскиот тим се запишаа во листата на стрелците. Битолчани со овој триумф ја набилдаа самодовербата пред мечот од Купот на Македонија, а особено пред гостувањето во Грција кај АЕК Атина во натпреварот од Лигата на Европа.

11 ноември 2021
38 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
11 ноември 2021 19:04 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 11.11.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР2138Победа
ПРОЛЕТ722Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек03
3Гоце Ојлескилево крило05
4Никола Маркоскипивот02
6Бојан Маџовскилево крило02
9Стипе Мандалиниќлев бек02
12Мартон Секељголман00
14Марио Танкоскицентрален бек02
18Јосип Периќцентрален бек01
19Ненад Костескидесно крило16
24Милорад Кукоскилев бек00
30Мартин Велковскидесен бек01
32Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило04
59Елмир Граџанпивот03
74Немања Обрадовиќцентрален бек02
97Рение Табоадацентрален бек05
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 138

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот05
5Михаил Тотиќ-00
8Дејан Пецаковскилев бек03
11Виктор Додевскидесно крило03
13Мартин Димовдесно крило00
15Ласко Андоновскицентрален бек10
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек01
19Доне Мајновдесен бек06
20Томислав Димковски-01
21Филип Крстевски-01
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек01
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило00
99Жарко Пејовиќцентрален бек01
 Вкупно 122

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
МЕТАЛАРИ КАМЕР
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515