Голманката на Хипо, Ана Хајгато доби зелено светло да настапува за репрезентацијата на Австрија на Светското првенство 2021 кое ќе се одржи во месец декември, а домаќин ќе биде Шпанија.
Искусната голманка минатата недела доби австриско државјанство. Хајгато во Хипо пристигна во 2006 година кога имаше само 14 години. За само неколку сезони беше прекомандувана од младинскиот тим на Хипо во првиот тим.
Со Хипо има освоено безброј национални титули во австрискиот шампионат. Во 2009 година беше дел од женската репрезентација на Унгарија за време на Европското првенство за ракометарки до 17 години.
„Со голем дел од играчите на репрезентацијата веќе имам играно или ги знам од домашната лига. Репрезентацијата игра импресивно, а за мене е голема чест што сега можам да бидам дел од овој тим“, изјави Хајгато.
Австрија на Светското првенство 2021 за противници ги има репрезентациите на Кина, Аргентина, како и домашната селекција, Шпанија.