Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на Европа.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат во Халкида кај незгодниот шампион на јужниот сосед, АЕК Атина.
ЕХФ ги делегираше француските арбитри Пишон и Ревеје за оваа среда, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Натпреварот меѓу АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра на 16 ноември со почеток во 18:45 часот.