Репрезентацијата на Македонија ги одработува тренинзите за во ЕХФ неделата и се подготвува за дуелите против Египет кои треба да се играат в петок и в сабота во Каиро.
Селекторот Лазаров е задоволен од она што досега го прикажуваат и е задоволен од атмосферата која е на високо ниво.
„Максимално го користиме времето и работиме двапати на ден за да бидеме колку можеме подобро подготвени за Европското првенство во јануари. Ги замолив момците особено интернационалците да бидат трпеливи бидејќи доаѓаат од клубови и од првенства каде што темпото е многу јако и се игра на секои три дена. И играчите од тука кои се главно од Вардар и од Еурофарм Пелистер имаат доста натпревари и играат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Има дисциплина и тоа ме радува. Има желба и ентузијазам за работа. Имам искуство да проценам дека не ни треба интензитет во овој период туку треба да работиме постатично и обемно и да го пробаме она што ќе го играме во иднина“, вели Лазаров.
Од интернационалците остана да пристигне уште Митревски кој од утре ќе биде на тренинг така што комплетни ќе ги одработат последните тренинзи пред заминувањето за Египет.
„Атмосферата е добра. Се комплетираме. Дојдоа Миркуловски и Пешевски, а го чекаме уште Никола Митревски да пристигне од Португалија. Во релаксирана атмосфера без многу притисок тренираме, уживаме, се дружиме, имаме по две сеанси на видео анализа на самите себе си и на противникот кој ни следува. Имаме добри услови и работиме квалитетно“, коментира селекторот на Египет.
Собирот ракометарите го имаа во неделата и веќе одработија неколку тренинзи така што сè тече според планот кој го има направено селекторот Лазаров.