Алкалоид немаше милост за Вардар, Бутел ја доби драмата во Велес

Изминатиот викенд стартуваа младинските лиги во машка и во женска конкуренција со вкупно 20 машки и 8 женски екипи.

Висока победа забележаа младинците на Алкалоид кои немаа милост за тимот на Вардар, а во истата група тимот на Скопје беше убедлив против Пролет.

Јуниор КВ стигна до висок триумф над Металург, додека Металург РА исто така беше убедлив против Голден Арт. Бутел Скопје минимално славеше со одбранет пенал во последните секунди и го собра целиот плен од Велес.

Двете битолски екипи беа поуспешни од тимовите на Охрид и Струга, додека без проблеми победи славеа Радовиш и Прилеп.

Кај младинките, Вардар, Спартак и Металург постигнаа повеќе од 40 погодоци и имаа лесни победи, додека Куманово мораше да се помачи за триумф против Овче Поле СУ.

Младинци, резултати, 1 коло: 

Група А
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 36-27
СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 35-28

Група Б
ЈУНИОР КВ – МЕТАЛУРГ 37-26
МЕТАЛУРГ РА – ГОЛДЕН АРТ 37-26
БОРЕЦ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 23-24

Група Ц
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 32-26
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 27-23
ЕНХАЛОН слободен

Група Д
РАДОВИШ – МЛАДОСТ 32-28
ПРИЛЕП – ПАРТИЗАН 41-21
ТИКВЕШ слободен

Младинки, резултати, 1 коло:

Група А
ВАРДАР – ЧАИР 48-31
СПАРТАК – СТРУМА 43-18

Група Б
МЕТАЛУРГ – КУЗМАН ВАРДАР 48-11
КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 31-28