Екипата на Тиквеш повторно е во игра за место во плејофот, откако „врза“ две гостински победи по ред, и триумфално се враќа од Скопје каде го победи дебитантот во лигата, Скопје 2020 со 30-26 (14-14).
Дуелот во Скопје за двете екипи беше од значење. Домашните ги чекаат првите бодови, а гостите бараат шанса да останат во игра за плејофот. Тиквеш по триумфот во Битола во претходното коло сега сакаше да ја продолжи добрата низа. Со новите три бода, Тиквеш сега има 12 бода и се наоѓа на делба на 6. место на табелата заедно со Охрид. Скопје останува на дното, и по осум кола нема освоено бодови.
Доаѓањето на Горан Андоновски повторно на тренерската клупа на Тиквеш е видливо и носи резултат, па кавадарчани пак ќе бидат „фактор“ во лигата.
Како што почна мечот така и еуфоричните домаќини тргнаа на „се или ништо“. Подобро отворија и веќе во 7. минута Скопје имаше водство од 6-3. Наместо да продолжи во исто темпо, Скопје почна да греши, а Тиквеш за само пет минути направи целосен пресврт. Од „минус 3“ стигнаа до водство 7-6. Одбраната на кавадарчани изгледаше подобра и тоа се гледаше во играта. Во нападот имаа решение, и погодуваа.
Мал период на играње „гол за гол“, а потоа Тиквеш повторно има предност, 9-11. Тоа беше доволно за тренерот Симе Симовски да побара тајмаут, по што Скопје ги зби редовите. Сега Скопје подобро се наоѓање, па израмнија на 12-12. Интензитетот на добра игра продолжи, а Тиквеш ги искористи добрите одбрани на Стојановски, за повторно да поведе, 14-12 во 29. минута од средбата. Неизвесноста ја вратија Василевски и Димчески, кои постигнаа два гола во серија, и Скопје израмни на 14-14 најавувајќи неизвесно второт полувреме.
Второто полувреме повторно се играше со 1-2 гола предност за Тиквеш, а Скопје успеа уште еднаш да израмни. Последните 10 минути од мечот беа во целосна доминација на Тиквеш, имаа предност од 27-24 во 55 минута.
Не ги поремети во ритамот ниту директниот удар во главата на голманот Стојановски од Тиквеш, по што имаше прекин од неколку минути, и мораше да интревенираат и лекарите од двата тима. Но, за среќа Стојановски мина без сериозни повреди, играта продолжи, а Тиквеш да доминира. До крајот само ја завери победата.
Во следното коло Тиквеш е домаќин на Струга, а Скопје гостува кај Бутел.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА