Последното засилување за Вардар, Кевин и Оливие Њокас се фасцинирани од вардаровата публика и од атмосферата во салата. За Оливие тоа не е страно, затоа што како играч на Нант го има почувствувано скопскиот пекол и амбиентот во „Јане Сандански“, додека Кевин премиерното искуство го има сезонава.
„Навистина е чудесно кога чувствуваш колку луѓето се страстни и колку го сакаат и почитуваат клубот за кој играш и таквиот нивен однос ти дава мотивација за да бидеш уште подобар на теренот и да ги направиш среќни и да делиш со нив големи моменти. Факт е дека сме навикнати да играме пред полни сали и публика, но морам да ви кажам нешто – прв пат во мојата кариера го гледам ова! Салата не е ни полна, а ние не можеме да слушнеме никој и ништо. Неверојатно! Атмосферата е лудило! Никаде не сум видел домашна публика која навива вака. Во Шамбери публиката е прекрасна и во Германија, но ништо не се споредува со ова! Ова што го прави публиката ти дава крилја! Крилја со кои можеш да го носиш светот. Фантастично!“
Во продолжение прочитајте го комплетното интервју.