Селекторот на Србија, Тони Херона, го објави списокот на сенироската репрезентација во пресрет на ЕХФ неделата во ноември.
Шпанецот на списокот стави 20 ракометари, меѓу кои и десното крило на македонскиот првак Вардар, Дарко Ѓукиќ.
Србија ќе игра две пријателски средби на 5 и 6 ноември против селекцијата на Словачка на гостински терен.
Северниот сосед се подгтотвува за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка, на почетокот на следната година од 13 до 30 јануари, а се наоѓа во група со Хрватска, Франција и Украина.