Ракометарите на Вардар ја прославија првата победа во Лигата на шампионите, откако славеа дома против Мешков Брест со 35-27.
Најдобри стрелци кај „црвено-црните“ беа десните бекови Кевин Њокас и Јоел Куни Моралес.
Французинот даде осум погодоци од осум обиди, додека Кубанецот стрелаше исто така без грешка – пет од пет.
Вардар одамна немал вакво бековско дуо на десната страна, а заминувањето на Едуардо Гурбиндо, ако се суди по овој меч нема да биде никаков проблем
Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар со Алборг следната среда.