Ракометарите на Вардар денеска го играат вториот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите.
Ривал е Мешков Брест, кој без петмина ракометари дојде во Скопје – Пешиќ, Будејка, Селвасјук, Малус и Пачковски.
Веселин Вујовиќ не може да смета на повредените Борко Ристовски и Анте Кудуз, Едуардо Гурбиндо веќе замина, но во ростерот повторно ќе бидат Оливие и Кевин Њокас, како и Јан Чувара.
Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.