Алборг држеше лекции во Загреб и го наполни голот на домаќинот

Со средбата меѓу ППД Загреб и Алборг, која финишираше со резултат 24:34, заврши 1. коло во Групата А така што се виде каков е распоредот на силите во новата сезона во оваа група во Лигата на шампионите.

Ланскиот финалист во Лигата на шампионите му одржа лекција на шампионот на Хрватска и му ја покажа реалноста која веројатно беше малку искривена со добивањето можност да се игра на Ф4 во СЕХА после одлуката на „зелената маса“.

Загреб денеска не беше ниту близу до сериозен ривал за Алборг и рано капитулираше. Тајм-аутите на Ивица Обрван беа залудни, како и неговите молби ракометарите да одиграат сериозно иако губат со висока разлика.

После 14:18 на полувреме, на стартот на вториот дел се виде реалноста. Алборг направи 5:1 и имаше 23:15 и уште тогаш го реши победникот. До крајот беше прашање само со која разлика ќе заврши оваа средба.

Голманите на Загреб, Славиќ и Ивиќ заедно имаа осум одбрани, а Мандиќ и Кларица беа најефикасни со по пет погодоци. Во Алборг, Микаел Агефорс заврши со 17 интервенции. Прв стрелец беше Норвежанецот Себастијан Бартолд со девет гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ1090118
2ПСЖ ХЕНДБОЛ1070314
3СПОРТИНГ1061313
4ФУКСЕ БЕРЛИН1060412
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1050510
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР102266
7ВИСЛА ПЛОЦК102084
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА101183