Екипата на Скопје денеска го игра првиот суперлигашки натпревар во клупската историја, откако во јуни како првопласиран тим во Првата лига обезбеди место во елитата.
Скопје е веројатно единствениот машки клуб, кој на клупата покрај првиот тренер Симе Симовски има и три дами.
На дуелот против Вардар, на клупата на Скопје, се и Андријана Будимир и Ања Алтхаус, некогашни членки на Кометал Ѓорче Петров и Вардар, кои заедно “тежат” пет европски титули.
Будимир стигнуваше до европски титули со Шлагелсе и Кометал Ѓорче Петров, додека Алтхаус ги освојуваше со Ѓер и Виборг. Покрај Будимир и Алтхаус, на клупата е и физиотерапевтот Марија Танчева.