Тренинг по дома: Шутирање пенали во 23 часот!

За да биде сликата комплетна за тоа какво ракометното семејство се Оливер и Тања Димитриоски и нивните деца, репрезентативецот Димитар и Ерика доволно говори фактот дека по цел ден минат во сала знаат да си одржат тренинг во 23 часот навечер.

„И кога бевме момче и девојка функциониравме како сега. Двајцата сме во истиот спорт, знаеме како функционира ракометниот свет и нема ниту нервози, ниту расправии и кавги, се знае кога е време за тренинг, за натпревар, за одмор…“, потенцира Тања и продолжува: „Така ги воспитавме и децата. Скромни сме, уживаме во малите работи, салата е нашиот втор дом и сме ракометно заразени. Паметам Ерика едвај дочека да наполни шест години за да може да почне да игра и да тренира. Од некој младински турнир Димитар донесе пехар за најдобар стрелец, таа веднаш ме праша што треба да направам за и јас да станам најдобар стрелец.“ (се смее)

„Некогаш делува страшно! Си одиме дома навечер, во 22 часот, и кога по цел ден минат в сала, си велиш сега малку ќе одмориме од ракомет, ќе земеме оддишка, во 23 часот Димитар и Ерика почнуваат да играат ракомет. Ќе си прават тренинг, ќе шутираат пенали! Ракометот ни е фамилијарно влезен под кожа“, се надоврзува Оливер.

Подолу погледнете го целосниот разговор со Оливер и Тања Димитриоски…

ИНТЕРВЈУ ОЛИВЕР И ТАЊА ДИМИТРИОСКИ: Фамилијарно сме „заразени“ со ракомет