Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков почна со работа со тимот на Веспрем и со новиот тренер Момир Илиќ, така што тргнаа подготовките за сезоната во која ќе има доста промени во таборот на вицешампионот на Унгарија.
После загубената сезона во која ПИК Сегед стана шампион на Унгарија во Веспрем дојде до промени, па има многу ракомегари кои си заминаа, но има и доста нови играчи. Илиќ го презема водењето на клубот од Давид Дејвис, а во моментов составот изгледа доста поразлично од ланскиот.
На почетокот нема дел од играчите кои се на Олимписките игри. Ги нема Кентин Мае (Франција), Хорхе Македа, Родриго Коралес (Шпанија) и Омар Јахија (Египет). Другите се појавија на тренини и почнаа да работа. Недостигаат и дел од репрезентативците во младинските категории.
Инаку составот на Веспрем за следната година изгледа вака:
ГОЛМАНИ: Родриго Коралес, Владимир Цупара
ЛЕВИ КРИЛА: Дејан Манасков, Мануел Штрлек
ЛЕВИ БЕКОВИ: Мате Лекаи, Петер Лукач, Петар Ненадиќ, Кентин Мае
СРЕДНИ БЕКОВИ: Патрик Лигетвари,Марк Бодор, Расмус Лауге
ДЕСНИ БЕКОВИ: Хорхе Македа, Омар Јахија, Зоран Илиќ
ДЕСНИ КРИЛА: Борис Дернеи, Гашпер Маргуч
ПИВОТИ: Андреас Нилсон, Адриан Сипос, Блаж Благотиншек