Репрезентации од два континента ја сочинуваат групата А на Олимпискиот турнир за мажи во Токио. Јужноамериканските Аргентина и Бразил ќе се обидат да ги изненадат четирите европските репрезентации, Франција, Германија, Норвешка и Шпанија.
Од шесте селекции во групата А, Шпанија имаше најдобар резултат на Светското првенство во Египет и го освоија третото место откако во полуфиналето загубија од новиот шампион Данска. Шпанија е најискусната репрезентација со просек на играчите од 33,18 години предводена од Агинагалде и Ентрериос.
Шпанија го има победничкиот рецепт за Норвешка, од последните 18 натпервари Шпанците победија на 17, а еден дуел заврши нерешено. Последната нивна средба беше во Египет 2021 кога Шпанија триумфираше во четвртфиналето со 31:26. Учинокот на Шпанија против Фрнација е различен бидејќи имаат 21 пораз на 37 натпревари, а сепак на последниот славеше Шпанија во битка за бронзениот медал во Египет.
Шпанија исто така е доминантна во дуелите со Германија, на 26 натпревари имаат 18 победи, но Германците имаа победено на три од четирите дуели на Олимписките игри вклучувајќи го и оној во четвртфиналето на турнирот во Атина 2004 година. Против јужноамериканските селекции Шпанија е доминантна и нема пораз ниту од Бразил ниту од Аргентина.
Доколку гледаме според резултатите на претходните Олимписки игри, Франција сигурно ќе обезбеди пласман во нокаут фазата. Французите имаа позитивен ефект против сите противници во групата. Новите дуели против Норвешка и Германија се можност да се подобри меѓусебниот скор, додека против Аргентина и Бразил, Французите се перфектни.
Од првото учество на Олимписки игри во 1972 година, Норвешка секогаш е фаворит за највисок пласман. Против Германија тие имаат позиивен скор од три победи и две нерешени од шест дуели со еден пораз. Против Бразил имаат максимален учинок од пет победи на толку дуели, додека против Аргентина ова ќе им биде прв дуел на Норвежаните.
Со враќањето на неколку искусни ракометари во репрезентацијата на Германија, тие ќе се обидат да го поправат учинокот од последното Светско првенство кога го освоија 12. место. Меѓусебниот дуел на Бразил и Аргентина е главното внимание за јужноамериканските репрезентации. Засега Бразил води со 16 победи наспроти 13 на Аргентина.
Натпреварувањата на Олимпискиот турнир од групата А започнуваат на 24 јули со дулите помеѓу Норвешка и Бразил, Франција и Аргентина и Германија и Шпанија.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (МАЖИ)
ГРУПА А
1.КОЛО (САБОТА, 24 ЈУЛИ)
02:00ч
НОРВЕШКА – БРАЗИЛ
04:00ч
ФРАНЦИЈА – АРГЕНТИНА
09:15ч
ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА
2.КОЛО (ПОНЕДЕЛНИК, 26 ЈУЛИ)
02:00ч
БРАЗИЛ – ФРАНЦИЈА
04:00ч
АРГЕНТИНА – ГЕРМАНИЈА
09:15ч
ШПАНИЈА – НОРВЕШКА
3.КОЛО (СРЕДА, 28 ЈУЛИ)
09:15ч
НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА
12:30ч
БРАЗИЛ – ШПАНИЈА
14:30ч
ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА
4.КОЛО (ПЕТОК, 30 ЈУЛИ)
02:00ч
АРГЕНТИНА – БРАЗИЛ
07:15ч
ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
14:30ч
ГЕРМАНИЈА – НОРВЕШКА
5.КОЛО (НЕДЕЛА, 1 АВГУСТ)
07:15ч
ШПАНИЈА – АРГЕНТИНА
09:15ч
НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА
12:30ч
ГЕРМАНИЈА – БРАЗИЛ