Две години по позитивниот допинг-тест и деветмесечната суспензија, Горан Кузманоски на суд ја бара правдата за она што го преживеа.
Судската постапка против фирмата е во процес и тоа оди бавно, но Таста вели дека ќе биде истраен, поради себе, но и за другите луѓе да не паднат во иста замка како тој.
„Потоа покренав судска постапка против фирмата која го продава тоа. Пријавив и во Агенцијата за храна и ветеринарство, и тие докажаа дека има присуство на сибутрамин. Судската постапка тече бавно, но трпелив сум и ќе бидам истраен во процесот, не само поради себе, туку и поради другите луѓе за да ги заштитам, да не се најдат во ситуација како мојата и да не паднат во истата замка. Последиците можат да бидат фатални, а ниту јас, ниту било кој друг нема да биде свесен за тоа. Еден месец го користев додатокот на исхрана и со внесување на толкава количина во мојот организам доведува до смртност или откажување на органите. Во секој момент можело нешто да ми се случи, на тренинг, на натпревар, одејќи по улица… Ќерка ми беше на трибините на тој натпревар! Сибутраминот го покачува пулсот и јас чувствував тахикардии, не спиев, но мислев дека тоа ми е од тренинзи, од напор, од замор… Подоцна кога се излезе на виделина, бев во комплетен шок, очаен! Контактирав и други спортисти кои паднале на вакви замки, доктори и хемичари во Белград и со нивна голема помош се надевам дека ќе има позитивен исход. Благодарен сум им на сите од клубот, соиграчи кои застанаа позади мене во тој процес, па и новинарите – и од вас имав поддршка, никој не ме нападна“, вели Кузманоски.
Целосното викенд-интервју со Горан Кузманоски прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ ГОРАН КУЗМАНОСКИ: Допингот ми ги смени размислувањата и насоките во животот!