„Се заблагодарив на понудата на Пролет и ја одбив“

Еден од нашите претставници во Европа, Пролет имал понуда до Горан Кузманоски да ја превземе екипата од следната сезона. Популарниот Таста кој претходно како играч бил дел од скопскиот тим, се заблагодарил на понудата и ја одбил.

„Вистина е! Имав понуда од Пролет, но ќе беше неблагодарно од моја страна да заминам од Прилеп, со кој имам џентлменски договор. Им се заблагодарив на Пролет за понудата, но во овој момент не сакам да ги изневерам децата и клубот со кои работев претходната сезона. Работам и на добивање Мастер Коуч и во септември се надевам дека ќе ја имам и таа лиценца, која е потребна во процесот на градење на тренерска кариера“, открива Кузманоски во викенд-интервјуто за 24ракомет.

Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Горан Кузманоски.

ИНТЕРВЈУ ГОРАН КУЗМАНОСКИ: Допингот ми ги смени размислувањата и насоките во животот!