Откако лани не се одигра поради добро познати причини, Супер Купот ова лето ќе го има своето четврто издание.
Натпреварот меѓу шампионот Вардар и финалистот од Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“.
Денот на одржување е 11 август, а поради овој двобој и Струшкиот турнир ќе се игра еден ден подоцна од планираното.
Досега се одиграни три Супер Куп дуели, а сите титули ги освоија најтрофејниот клуб Вардар. Во првиот ваков натпревар, Вардар во 2017 го победи Еурофарм Работник со 30-25, во 2018 славеше над Металург со 33-24, а во 2019 беше подобар од истиот ривал со 26-24.