Некогашните соиграчи од Вардар – Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ, сезонава заедно го минуваат летниот одмор.
Тројцата летуваат на Малдиви заедно со понежните половини, во еден од најлуксузните ресорти – Хеританс Арах.
Најефтино ноќевање во двокреветна соба во овој хотел чини 750 евра, а цените на собите со поглед кон океанот чинат многу повеќе.
Германскиот интернационалец, со неговата девојка Марија Андоновска, летуваа и на Хвар заедно со Карачиќ и сестрата близначка на Марија – Душица.