Екипата на Нант каде што настапува Кирил Лазаров одигра одличен натпревар во последното 30. коло од француското првенство и убедливо го совлада составот на Монпелје со 36:26.
И покрај овој триумф Нант остана на третата позиција на табелата зад Монпелје кој пред овој меч имаше пет бода предност и беше сигурен на второто место. Лазаров натпреварот го заврши со четири гола.
Нант имаше водство од почетокот на натпреварот, но во првите 15 минути тоа беше најчесто еден или два гола. Од 8:6 со двата гола на Монар, Нант во 17. минута имаше за првпат четири предост. До крајот на првиот дел Лазаров и сограчите доминираа на теренот.
Веќе уште по првите 30 минути се навестуваше катастрофален пораз на Монпелје кога домашниот Нант водеше 21:11. Сепак во второто полувреме се сменија работите на теренот, Монпелје го крена нивото на игра и почна да ја намалува негативата.
Сепак искусните ракометари на Нант не дозволија огромната предност да ја испуштат и рутински го приведоа натпреварот до крај за конечна победа.