Екс дуо од Вардар се сели во Кувајт

Двајца поранешни ракометари на Вардар ќе бидат дел од Азиското првенство што ќе се игра во Саудиска Арабија од 12 до 21 јуни.

Бекот Стеван Вујовиќ, кој ја мина оваа сезона во Катар и пикерот Вук Лазовиќ, кој играше во Јужна ореја, потпишаа кратки договори со Кувајт Клуб од Кувајт.

Црногорските интернационалци своевремено беа дел од Вардар, а Вујовиќ играше и за Металург.

Покрај Вујовиќ и Лазовиќ, и десниот бек на Еурофарм Пелистер, Невен Стјепановиќ ќе игра на Азиското првенство во дресот на Ал Наџма од Бахреин.

Стјепановиќ потпиша за тимот на Ал Наџма од Бахреин, со кој првите обврски ќе ги има на Азискиот Куп од 12 до 21 јуни.