Тимот на Локомотива Загреб, каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, славеше убедлив триумф во хрватскиот шампионат.
Локомотива го победи составот на Вировитица со 16-40, а Седлоска имаше голема минутажа на овој натпревар.
Македонскиот лев бек успеа да постигне пет гола од седум обиди на ова гостување, а до крајот на сезоната за Локомотива остануваат уште четири меча.
По загубеното финале во Европскиот Куп, мала утеха беше трофејот во Купот на Хрватска, додека во шампионатот, Подравка е недостижна на врвот, па сосема извесно е дека Локомотива ќе биде втора и ќе обезбеди место во Лигата на Европа.