Ракометарот на Антекера, Начо Дел Кастиљо имаше причина за двојно славење. Неговиот тим во дерби натпреварот од втората шпанска дивизија беше подобар од Бургос со 23:22.
Со освоените бодови, Антекера за следната сезона избори пласман во Асобал лигата и по долга пауза повторно ќе биде дел од најдобрите екипи во Шпанија.
По победата, Кастиљо и предложи брак на својата девојка, Есперанса Лопез која без размислување го прифати неговиот предлог.
Лопез е ракометарка на Малага и пред две недели со нејзината екипа го освои трофејот во Европскиот куп. Успешната сезона на двајцата играчи беше крунисана со убав крај.