Бомба: Металург ги обединува близнаците Њокас

Eкипата на Металург добива две големи засилувања за следната сезона кои доаѓаат од Франција, а се работи за браќата Оливие и Кевин Њокас.

Ракометарите кои настапуваат на позициите лев и десен бек ќе потпишат двегодишен договор со Металург и ќе донесат голем квалитет во тимот од Автокоманда така што Металург одново ќе се врати во трка за титулта и ќе биде голема конкуренција за Вардар и за Еурофарм Пелистер во следната сезона.

Оливие Њокас е соиграч на Кирил Лазаров во Нант и игра на позицијата лев бек. Сезонава не беше многу користен во тимот на Нант бидејќи Ентрериос има друг избор за ова место. Се работи за играч кој има 35 години.

Кевин Њокас е негов брат близнак, кој игра на местото десен бек, а тој во 2018 година се пресели во редовите на Бенфика.

Сега Металург ќе може да ги обедини близнаците Њокас, а ќе добие и одлични засилувања со кои ќе има што да покаже и на домашна и на меѓународна сцена.