Ракометарите на Радовиш го остварија и петтиот триумф по ред откако во 9. коло од плеј-аутот во Супер лигата ја совладаа екипата на Младост со 27:22 на гостински терен и се доближија до опстанок.
После катастрофалниот почеток на плеј-аутот и четирите порази, промената на тренерот во Радовиш донесе промени и екипата сигурно чекори кон задржување на Суперлигашкиот статус. Сепак, радовишани не стигнаа лесно до овие бодови.
Во првиот дел се играше доста израмнето, после почетното водство на Младост до крај постојано се играше гол за гол и на полувреме беше нерешено, 13:13. Радовиш веднаш на стартот на второто полувреме го презема водството и го контролираше резултатот до крај на дуелот.
Покрај сите обиди Младост не успеа да ја стигне негативата и да го избегне четвртиот пораз во плеј-аутот. Радовиш со петата победа се искачи на третата позиција на табелата и е многу блиску до обезбедување опстанок.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ
ТАБЕЛА