Селекторот Кирил Лазаров покрај играчкиот ростер има планови да го надгради и неговиот стручен штаб, а новитетите ги најави во разговорот за 24ракомет.
Тренер на голмани, нутриционист и спортски психолог се членови за кои капитенот смета дека и тоа како може да бидат корисни за репрезентативците.
„Одлуката да немаме тренер на голмани во овој циклус беше моја и правилна. Го познавам Николче (Митревски) добро, неговата посветеност и желба. За Томовски цело време бев во контакт со неговиот ментор Шкоф во Германија со кого имам играно заедно, така што имав информации. Да дојдеше тренер на голмани ќе сакаше да им покаже и нив и мене дека работи квалитетно, а имавме само три-четири дена за подготовки. Во иднина размислувам за оваа опција, вклучување и на тренер на голмани. Нутриционист ни е дефинитивно неопходен! Играчите не се свесни колку можат со квалитетна исхрана да го подигнат своето ниво на физичка подготвеност. Ќе побарам нутриционист, кој ќе биде цело време во контакт со играчите. Не почитувам нутриционисти кои одат со лист хартија цопy-пасте и им даваат на играчите. Сакам резултати од нутриционизмот. Ќе разговарам и со спортски психолог. Мислам дека ќе им биде потребен на играчите, но не сакам со психологот да се работи колективно туку само индивидуално и дискретно. Кога можеше данскиот репрезентативец Гитсел да си признае дека му е потребна помош од спортски психолог (зборувам за најдобар играч на СП) зошто да не побара некој наш играч? Треба да бидеме искрени, јас добро знам што е врвен спорт и врвен ракомет.“
Подолу прочитајте го целосното интервју со Кирил Лазаров…
ИНТЕРВЈУ КИРИЛ ЛАЗАРОВ: Селекторскиот предизвик дојде порано, но не сум плашливец!