Романија со три голманки ќе се брани од Македонија

Голманката на Валчеа, Дацијана Хосу ќе биде на располагње на романскиот селектор, Адријан Василе за бараж натпреварите против репрезентацијата на Македонија. Победникот ќе си обезбеди место меѓу најдобрите репрезентации на Светското првенство во Шпанија.

Хосу во конкуренција со Марта Батиновиќ не добиваше голема минутажа во Валчеа, но секоја дадена можност ја користеше максимално. Младата голманка може да биде и џокерот против репрезентацијата на Македонија.

Освен Хосу во комбинација за голманската позиција се и Јулија Думанска и Дениса Деду. Најверојатно, Адријан Василе ќе се одлучи за комбинацијата со три голманки. Поради повреда за репрезентацијата на Романија нема да настапи левото крило, Кристина Флорика.

Првиот бараж натпревар помеѓу Македонија и Романија се игра утре, со почеток од 17:00 часот во Букурешт. Реванш натпреварот е закажан за 21 април во Скопје со почеток од 17:00 часот во  СЦ „Јане Сандански“.