За последните натпревари од квалификациите за Европското првенство селекторот на Норвешка, Кристијан Берге одлучи да не повикува ракометари кои настапуваат во домашното првенство и за трите последни средби да смета исклучиво на интернационалци.
Причина за ваквата одлука е Ковид протоколот во Норвешка, според кој лицата што ќе влезат во земјата мораат во карантин од 14 дена.
Со оглед дека не е можно да се има ваква пауза мора да се одработи навреме сè, а Норвешка има доволен број на интернационалци за да се создадат и два квалитетни состави решено е како ќе се одвиваат работите, па Берге ќе има доволно силен состав.
На 28 и 29 април, Норвешка ќе одигра два натпревари против Литванија и двата ќе бидат на гостински терен. За средбата против Италија на 2 мај сè уште не е прецизирано каде ќе се игра натпреварот.